19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ обезбеди 6 милијарди евра за проектот „Северен поток 2“

„Газпром“ обезбеди 6 милијарди евра за проектот „Северен поток 2“

„Газпром“ обезбеди 6 милијарди евра за проектот „Северен поток 2“, објавија руските весници. Странски партнери на компанијата имаат обезбедено финансирање од 3,273 милијарди евра, вклучувајќи 1,644 милијарди евра – долгорочно финансирање (до 2035-та година) и 1,29 милијарди евра финансирање (до 2019-та година), информираат медиумите, повикувајќи се на информации од „Газпром“.

Според цитираните информации од руската гасна компанија во ноември, проектната компанија „Nord Stream 2 AG“ добила од странските партнери уште 340 милиони евра долгорочно финансирање.

Во извештајот на „Газпром“ не се објавува како компанијата го финансира проектот, бидејќи „Nord Stream 2 AG“ е 100% подружница.

При спроведувањето на буџетот, инвестициите на „Газпром“ во проектот во 2017-та година ќе достигнат 1,57 милијарди евра, а инвестицијата од 1,25 милијарди евра се очекува во 2018-та година.

Прогнозата е дека изградбата на „Северен поток 2“ ќе чини 9,5 милијарди евра, заедно со трошоците за камати.

Плановите се гасоводот, кој е дизајниран да поминува низ Балтичкото Море, да биде завршен во 2020-та година. Со целосна оптовареност тој ќе испорачува до 55 милијарди кубни метри годишно природен гас директно до Германија, заобиколувајќи ги неудобните Украина и Полска, можеби најголемите противници на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП