28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа празници, соништата се остваруваат!

На празници, соништата се остваруваат!

Кога излегоа првите мобилни телефони и безмалу секој имаше по еден в џеб, бев дете кое поседуваше свој сопствен мобилен телефон, како и повеќето мои врсници. Исто така, бев многу малечка и кога веќе имаше каков-таков интернет речиси во секој дом. Тогаш постарите ме прашаа: „Како испраќаш SMS? Каде оди пораката кога ќе ја испратиш? Како веднаш стигнува? Како имаш сè на интернет?“

Навистина не знаев што да одговорам. За да го покријам своето незнаење, кажав неколку модерни зборови како сервери и сателити. Се извадив некако.

Неодамна се присетив на таа ситуација која ме натера да размислам колку здраво за готово земаме сè во животот. Од љубовта на родителите преку доброто здравје, сè до придобивките на модерното време. Замислете, имаме струја! Печки, телевизори, компјутери, таблети, ракети, вселенски летала… а до скоро првите луѓе го чувале скапоцениот оган предизвикан од молња, за да не згасне.

Одговорот лежи во тоа што сме родени и пораснати во еден модерен свет, каде што новите технолошки пронајдоци се развиваат со брзина на светлината на дневно ниво, а нам отсекогаш ни биле подарени на тацна. Омилена играчка ни бил далечинскиот управувач, телевизијата нѐ хипнотизирала, а интернетот ни нудел бесконечна забава. Сите овие бенефити сме ги прифатиле толку природно и без прашање, зашто сме се родиле во времето на нивниот зародиш и сме растеле и сме се развивале паралелно со нив.

Пред само 50-ина години нашите баби и дедовци комуницирале преку писма. Кога некој одел на аџилак во странство, целото семејство се грижело за неговата судбина уште од моментот кога ќе заминел. Колку прослави и празници пропуштени, толку тажни срца, толку неизвесност!

Пред 30 години домашниот телефон на овие простори сè уште бил луксуз, исто како и телевизијата, а денес е возможно бесплатно да видеочетуваме со најверниот пријател на другиот крај на светот преку нашиот паметен телефон и дури револтирано да пријавиме 3-минутен прекин на интернет конекцијата во контакт центарот, кога „буквално“ сме се вратиле во каменото доба.

Овие празници, додека прославувате Нова година на „Скајп“ со блиските кои се во странство, додека си честитате во првата минута по полноќ преку најдобрата мрежа во земјава, додека ја гледате празнична програма на најдобрата MaxTV, потсетете се дека на празници, соништата се остваруваат!  Остварете си ги соништата и потребите со некоја од  празничните понуди на Македонски Телеком и бидете благодарни за секој прекрасен миг со блиските овозможен  од новата технологија. Да искусиме, да доживееме, да документираме и… на крајот, најважното – да  споделиме!

https://www.facebook.com/TelekomMK/videos/2120365774942105/?t=19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП