18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопјани се гушат, ништо подобро и во другите градови

Скопјани се гушат, ништо подобро и во другите градови

Во Скопје повторно не се дише. Ништо подобро не беше и во другите градови низ Македонија. Викендов мерните станици измерија висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот. И утрово не е подобро, сеуште е висока загаденоста на воздухот.

Вчера вечерта во некои делови на Скопје мерните станици измерија загадување и до 7 пати повисоко од дозволеното.

Некои од мерните станици, како што се Лисиче, Гази Баба, кои се едни од најзагадените реони, сеуште не се во функција, иако на прашање на Денар.мк, раководните лица на Министерството за животна средина одговорија дека ќе ги сервисираат во најбрз можен рок.

Ништо подобро не беше ни во останатите градови низ Македонија.

Во Битола вчера беа измерени максимални 307 микрограми на метар кубен, во Тетово 204, Кичево 200 микрограми на метар кубен.

Исто така, во Куманово вчера мерната станица покажа загаденост 7 пати повисока од дозволената. Ништо подобро не беше во Кавадарци и Струмица.

 

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП