9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеделна галерија: Range Rover Evoque

Неделна галерија: Range Rover Evoque

На крајот на ноември, Land Rover ја претстави втората генерација на својот најмал луксузен SUV, а сега имаме можност детално да го разгледаме овој модел од сите агли.

Новиот Evoque има исти димензии како и претходниот модел, но благодарение на новата механичка платформа на Land Rover’s Premium Transvers, има повеќе простор за патниците и околу 6% повеќе во багажниот простор.

Британскиот производител вели дека Range Rover Evoque има 591-литарски багажен простор кој може да се зголеми до максимум 1.343 литри со спуштени задни седишта.

Благодарение на новата платформа, новиот Evoque, исто така, поддржува електрификација, па ова ќе биде првиот хибриден и електричен Evoque во историјата.

Што се однесува до традиционалниот погон, новиот Evoque има стандарден 2.0 литарски дизел и бензински турбо агрегат.

Дизел моторот доаѓа во верзии со 150 и 240 КС, а бензините со 240 и 300 КС со 9-брзински ZF автоматски менувач.

Новиот Evoque има “клиренс” од 212 милиметри и може да помине низ длабочината на водата до 600mm (100mm повеќе од претходната генерација).

Land Rover ќе открие нови технички детали за време на Салонот за автомобили во Чикаго во февруари 2019 година, кога ќе го објави почетокот на испораката и цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП