9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочина Џорџ Буш: Америка се опростува од 41. претседател

Почина Џорџ Буш: Америка се опростува од 41. претседател

Четириесет и првиот претседател на САД, Џорџ Буш – Постариот, почина на 95-годишна возраст, објави неговиот син Џорџ Буш Џуниор, 43-от претседател на САД.

Буш почина во петокот вечерта, изјави портпаролот на неговото семејство за медиумите.

Буш беше претседател на САД од 1989 до 1993 година, откако служеше два мандати како потпретседател на САД, во администрацијата на Роналд Реган.

Во еден период, Буш беше поддржан од дури 90 проценти од граѓаните, но со завршувањето на мандатот, поддршката падна поради обвинувањата за запоставување на домашната политика, а на изборите во 1992 година изгуби од Бил Клинтон.

Буш – Постариот беше авијатичар во Втората светска војна, а потоа стана нафтен тајкун во Тексас, пред да се приклучи кон политиката во 1964 година како член на Републиканската партија.

Во април оваа година, Буш беше примен во болница, на одделението за интензивна нега, една недела по смртта на неговата сопруга Барбара.

Еве ја објавата од неговиот син Џорџ Буш- Џуниор:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП