Американскиот синџир на хотели „Marriott International“ соопшти дека планира да отвори околу 30 хотели „Courtyard by Marriott“ во Европа во следните две години, во момент кога се стреми да влезе на нови пазари, вклучувајќи ги Финска и Исланд, пренесува „Ројтерс“.
Планот за експанзија е објавен речиси еден месец откако компанијата ги намали прогнозите за четвртиот квартал за приходите од расположливи соба (RevPAR) – клучен показател за стабилноста на хотелите, повикувајќи се на слабата побарувачка во Северна Америка, која е најголемиот нејзин пазар.
Приходите на „Marriott“ од достапна соба за Европа се зголеми за 5,7% во деветте месеци од 2018-та година, додека во Северна Америка растот во истиот период бил само 2%.
Во моментов „Courtyard“ оперира со 63 хотели во Европа, насочени кон луѓе кои патуваат по работа, соопшти компанијата во соопштението.