25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРеволуција во конструкцијата на лифтовите

Револуција во конструкцијата на лифтовите

Kone-UltraRope-hoisting

Развојот на супермоќното јаже од карбонски влакна ќе направи револуција во изградбата на лифтови и ќе ги замени постоечките челични јажиња, а благодарејќи на него облакодерите ќе станат поголеми.

Новото јаже кое го разви финската компанија „Kone“, може да ја продолжи висината на лифтовите на повеќе од километар, што е многу важно за највисоката зграда во светот „Бурџ Калифа“ во Дубаи (828 метри), како и за останатите кои се во план да се градат.

Карбонското јаже е наречено „UltraRope“  и е силно исто како и челичното јаже, но е многу полесно. Проблемот на челичното јаже е тој што колку е повисока зградата толку повеќе е потребна енергија и сила за да се совлада тежината на самото јаже. Во згради повисоки од 500 метри, три четвртини од енергијата заминува за совладување на тежината на јажињата.

Висината од 500 метри денеска се смета и за максимална висина за изградба на лифтовите, бидејќи колку е повисока зградата толку полесно може да дојде до пукање на челичните јажиња. Карбонските јажиња може да ја намалат тежината за дури 90 проценти на веќе постоечките.

Обединетите нации сметаат дека до 2050-та година седум од десет луѓе на планетава ќе живеат во градовите, што значи дека ќе биде потребен дополнителен простор за живеење, а единствен начин да се осигура тоа е со изградба на високи згради.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП