25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone XR е најпродаваниот паметен телефон на Apple

iPhone XR е најпродаваниот паметен телефон на Apple

„iPhone XR“ е најдобро продаваниот смартфон на „Apple“ на дневна основа од неговото појавување пазарот во средината на октомври, коментира директор на компанијата за „Ројтерс“.

Смартфонот, кој чини 749 долари, беше претставен заедно со два други модели – „iPhone XS“ и „XS Max“. „iPhone XR“ нуди многу од клучните карактеристики на овие телефони, но по пониска цена, а аналитичарите во голема мера го сметаат за обид на „Apple“ да ги понуди препознавањето на лицето и најновиот процесор до поголем број купувачи.

Голем број негативните прогнози од добавувачите на смартфони во последниве недели предизвикаа стравувања дека моделот може да не се продава толку добро колку што „Apple“ се надеваше. Овие коментари, како и загриженоста на инвеститорите од изјавата на „Apple“ на 1-ви ноември, кога таа објави дека повеќе нема да открива детали за продажбата на „iPhone“, доведоа до над 20 проценти пад на цената на акциите на компанијата во однос на нејзиниот максимум во октомври.

Иако „Apple“ не дава целосни податоци за продажбата сега, компанијата редовно им открива на инвеститорите кои модели најдобро се продаваат.

Грег Јосвјак, потпретседател на „Apple“ за маркетинг на производи, коментира за „Ројтерс“ дека „iPhone XR“ во моментов е „најмасовниот производ и нашиот најпопуларен „iPhone““.

„Откако „iPhone XR“ беше пуштен, тој е нашиот најпродаван телефон на дневна основа“, потенцираше тој.

Во прилог на вклучувањето на многу од функциите од најдобрите модели, „Apple“ го нуди „iPhone XR“ со поголема разновидност од бои на панелот.

„Apple“ планира да ја промовира црвената верзија на „iPhone XR“ како дел од „Product Red“, нејзината хуманитарна кампања, која дава дел од продажбата на нејзините црвени производи на глобалниот фонд, кој ќе ги користи за програми поврзани со ХИВ и СИДА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП