20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИдниот Audi e-tron GT (фото+видео)

Идниот Audi e-tron GT (фото+видео)

Германскиот производител „Audi“ го претстави концептниот модел „e-tron GT“ во Лос Анџелес, чија сериска верзија треба да стане трет електричен автомобил во гамата на брендот. Компанијата од Инголштад веќе го претстави кросоверот „e-tron“, а догодина ќе почне производството и на моделот „e-tron Sportback“.

Концептот „Audi e-tron GT“ е навистина голем автомобил. Неговата должина е 4.960 mm, што според димензиите е само под „A8“. Задниот багажник има големина од 450 литри, а предниот (под капакот недостасува стандардиот мотор со внатрешно согорување) додава уште 100 литри. Дизајнот доста потсетува на „Audi A7“, но сепак не треба да се заборави дека тоа е концепт варијанта и до излегувањето на моделот во сериско производство, работите може да се променат.

Погонот на „e-tron GT“ е доверен на два електрични мотори со вкупна моќност од 590 КС, кои обезбедуваат забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди. Брзината од 200 км/ч е постигната за 12 секунди, а максималната брзина е 240 км/ч. Електричните мотори дозволуваат уште повеќе, но инженерите на „Audi“ намерно поставиле ограничувач за да се заштеди енергија во батериите.

Опсегот е 400 км, а кога се користи станица за брзо полнење, батериите може да се наполнат до 80% за само 20 минути. Ова му дава на електричниот автомобил опсег од 320 километри. Возилото, исто така, има „паметен“ систем за обновување на енергијата и кога возачот ја намалува брзината, сопирачката се користи само за 10% од случаите.

Секој електричен мотор работи на една оска, што овозможува постојано возење на четирите тркала. Покрај тоа, електронскиот систем може да го дистрибуира вртежниот момент налево или надесно во зависност од условите на патот.

Каросеријата на седанот е направен од алуминиум и карбон, а во развој на „e-tron GT“ учествувале и инженери на „Porsche“, кои го подготвуваат и свој електричен автомобил – „Taycan“. Двата модела ја користат истата платформа – „PPE“ (Premium Platform Electric).

За кабината на возилото се користат само скапи и висококвалитетни материјали, со огромен екран на допир. Постојана интернет конекција е исто така достапна. Нема кожа, туку синтетика, бидејќи „Audi“ има намера да се откаже од сите материјали добиени од животни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП