
Во Јужна Каролина ја разгледуваат можноста за воведување на електронски регистарски таблички, но идејата наиде на остри критики од јавноста.


Во Јужна Каролина ја разгледуваат можноста за воведување на електронски регистарски таблички, но идејата наиде на остри критики од јавноста.
Компанијата „Compliance Innovations“ за овој производ ја користеше „ePaper“ технологијата, а откако ќе дознаете што се пишува на табличките ќе ви биде јасно зошто државните власти најавуваат ваков чекор.
Екранот би изгледал како нормална регистерска табличка, се додека возилото е осигурано или е под важечка регистрација. Меѓутоа во случај да истече регистрацијата или осигурувањето на таблицата ќе се појави порака „НЕОСИГУРАН“ или „НЕВАЖЕЧКА“ што на сообраќајната полиција значително ќе и ја олесни работата.
Покрај ова во случај на пријавувње на кражба на возилото на таблицата ќе биде испишана пораката „УКРАДЕНО“.