27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстра дебата: историски најголемиот буџет пред пратениците

Остра дебата: историски најголемиот буџет пред пратениците

Историски најголемиот буџет стигна пред пратениците – државата планира да собере 3.4 милијарди евра, а да потроши 3.7%. Власта смета дека со него ќе се помогне на сиромашните и ќе се поттикне економијата, а опозицијата дека пресметката е мегаломанска, неразвојна и популистичка.

Тевдовски: повисок раст и подобар стандард

Новата година ќе донесе повисок економски раст и подобар животен стандард. Ова беше главната поента во експозето на министерот за финансии пред пратениците. Драган Тевдовски вели дека буџетот ја отсликува определбата на Владата за ефикасно и домаќинско управување со народните пари.

„Предлог – буџетот за 2019 предвидува праведно оданочување и мерки за стабилизација на ПИОМ, при истовремено вложување во сите клучни сектори на општеството: интензивирање на процесот на интеграција во НАТО, со значително повисок буџет за одбрана и повисоки плати за вработените; повисоки плати за лекарите специјалисти и за целиот медицински персонал; повисоки плати во образованието и градинките; целосно реформиран систем на социјална заштита со минимален гарантиран приход, социјална пензија и образовен и детски додаток; историски највисоко ниво на средства за активни мерки за вработување и за поддршка и поттикнување на инвестиции; раст на платите на сите вработени во јавната администрација; како и амбициозен но реален план на јавни вложувања во инфраструктурата“, рече Тевдовски.

Опозиција: мегаломански и неразвоен предлог

За опозицијата предлогот е мегаломански и неразвоен со популистички мерки кои нема да придонесат за поттикнување на економијата која веќе се соочува со сериозни проблеми.

„Втора година по ред ја водите државата  и секоја година ги влошувте економските услови. Ги имавте најкатастрофалните економски политики во време кога Европа имаше стапки на раст… Треба да преиспитате како ја водите државата и економските политики… Капиталните инвестиции се зголемуваат, но согласно слабата реализација годинава нема да се реализираат ни следната. Намалување има кај проектите за водснабдување, за културата, за гасификацијата е повисока стапката, но според темпото на работа нема да се исполни, намалување на средствата има во делот на животната средина, помалку средства за студентскиот стандард“ рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска.

Основни параметри: раст од 3.2%, дефицит од 2.5%

Раст на економијата од 3.2%, дефицит од 2.5% и инфлација од 2.0% се основните параметри на кои се темели пресметката за предлог – буџетот за следната година.

Државната каса секоја година е се потешка – во 2019-та Владата планира и да собере и да потроши повеќе пари од 2018-та.

Вкупните буџетски приходи се проектирани на 3 милијарди и 428 милиони евра или 9.5% повеќе од годинава. Расходите треба да бидат 3 милијарди и 716 милиони евра или 5.4% повеќе.

Државата следната година само за камати ќе треба да плати 149 милиони евра што е за 17.9% повеќе од оваа година.

Планот е да се земат 556 милиони нови кредити а да се вратат 268 милиони како доспеани обврски. Со тоа вкупниот државен долг ќе порасне за 288 милиони евра или за 2.5% од Бруто домашниот производ.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП