25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТеоријата на Маск за тоа како да се промени светот: "ЛУЃЕТО ТРЕБА...

Теоријата на Маск за тоа како да се промени светот: “ЛУЃЕТО ТРЕБА ДА РАБОТАТ ПО 80 ЧАСА НЕДЕЛНО”

Првиот човек на Тесла, Илон Маск, верува дека луѓето треба да работат најмалку 80 часа неделно доколку сакаат да го променат светот.

Открил дека вработените во неговите компании, Tesla, SpaceX, Boring Company и Neuralink, работат и до 100 часа неделно, доколку е потребно.

– Знам дека е полесно да се работи на некои други места, но никој досега не го промени светот работејки 40 часа неделно – вели Маск.

Тој тврди дека “чувството на тежина од работата се зголемува после 80 часа работа неделно”.

Маск за технолошкиот портал “Рикод” (recode.net) наведе дека просечно работи по 120 часа неделно.

Според него, вработените во Тесла оваа година, по потреба работеле и по 100 часа неделно на автомобилот “Model 3”.

Маск тврди дека Тесла не би преживеала на пазарот ако вработените не работат многу.

Некои вработени во “Тесла” потврдија дека работат премногу, но има и оние кои велат дека повеќе им одговара да работат по 70 или повеќе часа неделно, пренесуваат економските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП