5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFairfax станува главен акционер во грчката банка Eurobank

Fairfax станува главен акционер во грчката банка Eurobank

Главен акционер во грчката банка „Eurobank“ од неделата стана канадската инвестициска група „Fairfax“, соопштува грчкиот печат, осврнувајќи се на соопштението од банката.

Во соопштението, цитирано од „Елефтерос типос“, се најавува спојување на „Eurobank“ со инвестициската компанија „Grivalia“, сопственост на „Fairfax“.

На овој начин, „Fairfax“ стекнува удел од над 30 проценти во „Евробанка“. Досега „Fairfax“ имаше удел од 16,88 проценти во„ Eurobank“ и 51,43 проценти во „Grivalia“.

Спојувањето е одобрено од страна на управувачките одбори на двете компании.

Планот за спојувањето предвидува и целосна реорганизација на портфолиото на надзорните кредити на „Eurobank“ преку трансфер на нив во друштво со специјална намена (SPV).

„Eurobank“ е една од четирите системски банки во Грција, кои учествуваат и во формирањето на банкарскиот берзански индекс.

Во последните неколку месеци индексот забележа голем пад, а како една од главните причини за тоа според аналитичарите е се уште најголемиот удел во надзорнит кредити. За последната половина од година вредноста на акциите на банките на Атинската берза падна за повеќе од 50 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП