19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес бензините поевтини за четири денари, дизелот за 3,5

Од денес бензините поевтини за четири денари, дизелот за 3,5

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинија за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 65 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  49,5 денари.

За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се намалуваат во просек за 6,53 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП