4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал го претекна Ѓоковиќ

Надал го претекна Ѓоковиќ

U.S. Open - Day 15

Новак Ѓоковиќ засега загуби едно прво место од Рафаел Надал.

По долго време Шпанецот се најде пред Србинот, но не на АТП-листата, туку на листата според заработка во 2013-та година.

Моментално петиот тенисер во светот од почетокот на годината зарботи пет милиони и 678.637 долари од турнирските награди, што е за околу 1.1 милион повеќе од светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ

На листата според заработката кај тенисерките убедливо води Американката Серена Вилијамс со четири милиони и 621.750 долари или скоро еден милион повеќе пред второпласираната Викторија Азаренка.

Листата на тенисери според заработка:

1. Рафаел Надал (Шпанија) 5.678.637 долари

2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.517.677

3. Енди Мареј (В.Британија) 2.474.566

4. Давид Ферер (Шпанија) 2.464.619

5. Роже Федерер (Швајцарија) 1.549.495

6. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 1.379.490

7. Томаш Бердих (Чешка) 1.341.150

8. Хуан Мартин дел Потро (Aргентина) 1.222.881

9. Станислав Вавринка (Швајцарија) 1.156.071

10. Ришар Гаске (Франција) 1.018.121

Листата на тенисерки според заработка:

1. Серена Вилијамс (САД) 4.621.750

2. Викторија Азаренка (Белорусија) 3.714.651

3. Марија Шарапова (Русија) 3.472.546

4. Сара Ерани (Италија) 1.947.240

5. На Ли (Кина) 1.604.537

6. Роберта Винчи (Италија) 1.104.147

7. Агњешка Радвањска (Полска) 1.052.703

8. Каролина Возњачки (Данска) 942.461

9. Екатерина Марарова (Русија) 895.270

10. Петра Квитова (Чешка) 873.719

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП