26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИПО-то на Tencent Music веројатно ќе биде во средината на декември

ИПО-то на Tencent Music веројатно ќе биде во средината на декември

„Tencent Music Entertainment Group“ – единицата за онлајн музика на најголемата компанија за социјални мрежи во Кина, планира да започне да прима инвеститорски нарачки од 4-ти декември за планираното ИПО во САД, тврдат извори на „Bloomberg“, запознаени со прашањето.

Компанијата за стриминг на музика си ја постави за целта за котација на 12-ти декември во Њујорк, велат извори, кои сакаат да останат анонимни, бидејќи немаат право да ги коментираат информациите.

Датумот на ИПО-то не е конечен и може да се промени во зависност од условите на пазарот, додаваат тие.

Предлогот на „Tencent Holdings“ ќе ја зголеми вредноста на акциите на кинеските компании (вкупно 7,9 милијарди долари) кои се појавиа во САД во оваа година. Износот е двојно поголем од истиот период во 2017-та година, според „Bloomberg“.

Оваа година најголемата кинеска примарна јавна понуда во Њујорк беше услугата за видео стриминг „iQiyi“, која во март собра 2,4 милијарди долари.

Од „Tencent Music“ одбиваат да ги коментираат нивните планови.

Компанијата ги претстави своите ИПО планови од 1 милијарда американски долари на Комисијата за хартии од вредност на САД на почетокот од октомври. Сепак, износот може да се промени. Ова се банките кои се ангажирани при спроведување на ИПО-то – „Bank of America“, „Deutsche Bank“, „Goldman Sachs Group“, „JPMorgan Chase & Co.“ и „Morgan Stanley“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП