2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Европа пристигнува телевизорот со најголема дијагонала

Во Европа пристигнува телевизорот со најголема дијагонала

sharptv

Јапонскиот производител „Sharp“ започна во Европа со продажбата на најголемиот телевизор на пазарот со дијагонала од 229 сантиметри.

Овој уред од минатата година се наоѓа на пазарот во Северна Америка, а од компанијата заклучиле дека и на Стариот континент постои интерес за ваков телевизор со неверојатна дијагонала.

Моделот на „Sharp“ – „AQUOS LC-90LE757“ со својата големина го надмина досегашниот рекордер од компанијата „LG“ чии најголем телевизор имаше дијагонала од 213 сантиметри.

Анализата на пазарот покажува дека осум проценти од телевизорите продадени во САД имаат дијагонала од 150 сантиметри или поголема. За споредба во Британија телевизорите со дијагонала од 130 сантиметри или поголема чинат шест проценти од продажбата, но поради големата цена имаат удел од 16 проценти во приходите.

„Телевизорите стануваат се потенки, па така тие не зафаќаат голем простор. Големината на екранот е најпривлечен фактор за луѓето кои купуваат нови производи“, изјави Најџел Кетлоу од „GFK“.

„Sharp“ во минатата финансиска година работеше со загуба од 5.7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП