
До крајот на годината вработените во приватниот сектор треба да добијат регрес за годишен одмор.


До крајот на годината вработените во приватниот сектор треба да добијат регрес за годишен одмор.
Најмалку 9.665, а најмногу 14.190 денари треба да легнат на сметките на вработените во приватниот сектор до крајот на годината. Тоа е сумата во чии рамки се движи регресот за годишен одмор, односно К-15. Износот треба да биде најмалку 40% од просечната нето плата или најмногу 40% од просечната бруто плата.
Работникот треба да работи најмалку 6 месеци кај ист работодавец за да го исполни условот за регрес.
Вработените во јавниот сектор најверојатно и годинава ќе останат без К-15 зашто тој не е пропишан со нивниот Колективен договор кој е од 2010 година.
Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.