2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвостепениот суд го прифати барањето за отворање стечајна постапка на Топлификација АД

Првостепениот суд го прифати барањето за отворање стечајна постапка на Топлификација АД

Со решение IV СТ 125-18 на првостепениот суд, кое во текот на оваа недела беше доставено до Топлификација АД, прифатено е барањето на Битар Холдинг Лимитед за отворање стечајна постапка на Топлификација АД.

Топлификација АД има можност во законски рок да вложи жалба до второстепениот суд на оваа одлука на првостепениот суд.

Во стечајот на ТЕ ТО АД кој фирмата го поднесе сама на себе, а кој беше подржан од доминантниот сопственик на ТЕ ТО АД, Битар Холдинг Лимитед, се отпишаа побарувања на Топлификација АД од над 30 милиони евра потврдени со одлука на Врховниот суд на Република Македонија, се вели во соопштението на Топлификација АД.

“Барањето за стечај на Топлификација АД поднесено од Битар Холдинг Лимитед за долг од 1 милион евра, кои се искористени од ТЕ ТО АД и кои ТЕ ТО АД треба да и ги плати на Топлификација АД првостепениот суд го прифати не земајќи ги во предвид доказите презентирани во процесот. Во периодот од март 2018 година кога почна овие координирани активности на Битар Холдинг
Лимитед, Топлификација АД поднесе кривична пријава до ОЈО и претставки до надлежните институции со докази за сериозни кршења на законите во овие постапки. Согласно информациите кои ги имаме надлежните институции постапуваат по претставките и јаиспитуваат законитоста во овие постапки”, велат од Топлификација АД.

“Топлификација АД ќе ги преземе сите правни можности да се спречи, преку оваа организирана и незаконска активност да се направат огромни финансиски штети на фирмата”, додаваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП