Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,076.22 0.34%    AMEH 500.00 -18.7%    CKB 700.00 0%    FERS 80,000.75 0.76%    GRNT 920.00 0.48%    KJUBI 1,598.00 1.01%    KMB 5,495.20 0.32%    MKSD 227.00 2.76%    MPT 62,570.49 1.05%    MTUR 5,450.00 0%    OKTA 5,132.00 -2.99%    PKB 10,000.00 -15.54%    POPK 24.00 -4%    RZIN 101.00 0%    RZLE 19.00 0%    RZLV 82.00 0%    SBT 2,358.00 2.97%    STB 1,011.09 0.98%    STIL 120.23 1.68%    TEL 310.12 0.45%    TETE 2,477.00 3.17%    TKVS 5,369.69 1.31%    TNB 17,155.48 0.36%    TTK 1,302.00 -0.89%    

Black Friday “лудилото” на Grouper започнува денес!

Време: 12:44

Датум: ноември 22, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Утре е најголемиот шопинг празник на попустите Black Friday, а најголемиот сајт за попусти во земјава, Grouper.mk , најавува дека големите попусти до 95% кај нив стартуваат од денес на пладне!

Почнувајќи од денес попладне тие ќе почнат да ги активираат Black Friday зделките, а на секои 2 часа велат дека ќе објавуваат нови тури непобедливи зделки со попусти во соработка со над 300 компании. Ветуваат дека до полноќ ќе бидат објавени до 1000
зделки со ултра високи попусти (95%), по ултра ниски цени, и со ограничено времетраење и количини! Помеѓу промоциите може да се најдат патувања за домашни хотели, Банско, Боровец; најразлични производи за домот како кујнски додатоци, мали апарати, играчки за деца и услуги како масажи, третмани, едукативни курсеви, храна и многу повеќе.

“ Ова е дефинитивно највозбудливиот ден во годината за нас, кој го сметаме за наш патронат под мотото „Непобеливи зделки. Ограничени количини. Кој купи-купи”. Веќе 5та година по ред ги подготвуваме најдобрите Black Friday промоции и драго ни е што
нашиот труд и енергија се препознаени од страна на корисниците и нашите соработници и партнери кои секоја година се расположени да се вклучат со уште подобри зделки и заеднички да ги надминеме ланските продажби и секако да ги
надминеме очекувањата на корисниците. Минатата година за само 24h беа продадени над 12.000 купони, а посетите достигнаа над 130.000, само во петокот. – велат од Grouper.

Оваа година Black Friday лудилото трае четири дена, заклучно со понеделник – Cyber Monday и во истиот тренд ќе има и нови зделки со луди цени со само 24 часа траење.

Од Grouper го најавиja најголемиот шопинг празник уште минатата недела објавувајќи ги Black Friday WARM UP зделките како загревање за она што следи. Овие зделки нудат неодоливи попусти до 60% од неколку познати брендови меѓу кои Спорт М , Adam’s Shoes, Божиновски часовници и накит , Dioptra и многу други.

Кога имате одличен тим кој работи со пасија и напорната работа може да е “песна”. Така тие со песна насловена “На Black Friday сум се заљубил” во нивен стил ја најавија кампањата со која велат дека сакаат да пренесат дел од нивната позитивна енергија и да
не поттикнат сите да бидеме дел од најголемата Black Friday акција.

За дополнителна забава и вредност на целата кампања, Grouper тимот креираше Black Friday машина за подароци , каде секој може да врти и да добие некој од 500те подароци, меѓу кои: 100 искуства и производи, 390 кобрендирани подароци и 10 патувања. Кампањата е поддржана од Mastercard па со секое купување на Grouper зделка ви доделуваат вртење за поголема шанса, а исто така и со поканување на пријателите може да добиете уште вртења.

Заземете си место на време за најголемиот шопинг настан за оваа година и уживајте во онлајн купувањето без турканици со Black Friday акцијата на Grouper!

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кинески авио-превозник бара оштета од Boing

    Кинески авио-превозник бара оштета од Boing

    China Eastern Airline соопшти денеска дека има поднесено формално барање кое од Boing бара оштета за загубата поради “приземјувањето” на Boing 737 Max. “Приземјувањето на авионот…

  • Apple ќе плати преголема цена поради американските санкции за Huawei

    Apple ќе плати преголема цена поради американските санкции за Huawei

    Apple би можел да има големи проблеми поради ставањето на Huawei на црната листа на Америка. Имено, светските пазари на капитал нервозно реагирале по блокирањето на…

  • Макпетрол АД Скопје ја пушти во употреба целосно обновената бензинска станица во Куманово

    Макпетрол АД Скопје ја пушти во употреба целосно обновената бензинска станица во Куманово

    Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствените капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на…

  • Макпетрол ги објави новите малопродажни цени на одделни нафтени деривати

    Макпетрол ги објави новите малопродажни цени на одделни нафтени деривати

    „Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на…

  • Најголем историски пад на акциите на Deutshe Bank

    Најголем историски пад на акциите на Deutshe Bank

    Акциите на Deutshe Bank денес паднаа за три отсто, достигнувајќи најниска вредност досега, неколку дена пред годишната конференција. Продажбата на акции беше резултат на афера,…

  • Човечките ресурси се катализатори на позитивните трансформации во работната средина

    Човечките ресурси се катализатори на позитивните трансформации во работната средина

    Стареењето на работната сила, предизвиците наспроти уникатните можности што ги носи демографската промена на населението опсервирано од корпоративните елементи, беше тема на предавањето на д-р…

  • Tesla Motors има пари за уште само десет месеци?

    Tesla Motors има пари за уште само десет месеци?

    Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Tesla Motors, Елон Маск, изјавил на неговите работници дека Tesla ќе остане без пари за десет месеци ако не…

  • FBI покренале истрага против Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips

    FBI покренале истрага против Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips

    FBI започнале истрага против корпоративните гиганти Johnson&Johnson, Siemens, GE и Philips, поради сомнение дека поткупиле бразилски функционери во случајот во врска со продажбата на медицинска опрема,…

  • Официјална Реакција на Huawei за најавите од Google

    Официјална Реакција на Huawei за најавите од Google

    Официјална изјава на Huawei Huawei направи значителен придонес во развојот на Андроид низ целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ние тесно соработуваме…

  • Пивара Скопје воведува нова категорија пијалаци на пазарот

    Пивара Скопје воведува нова категорија пијалаци на пазарот

    Strongbow и Apple Bandit – ново природно сајдер освежување од Пивара Скопје Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци – САЈДЕР. Сајдерот е еден…