26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Топ 50 на најголемите светски технолошки компании

График на денот: Топ 50 на најголемите светски технолошки компании

Технолошките компании имаат уникатна предност пред другите бизниси и тоа се нарекува “ефектот на мрежата”. Секој нов корисник на одредена платформа ја зголемува вредноста за сите кои се веќе во неа. „Facebook“ на пример би бил здодевно место, ако човек беше сам во неа, а „Google“ – бескорисна ако сајтовите не ги избираа нејзините индексирани услуги.

Ефектот на мрежата е причина за постоењето на неколку клучни компании со прекувремена контрола на пазарот, а кога ќе ја разгледате индустријата, доминирана од 50-те најголеми технолошки гиганти, ефектот станува особено забележителен. Затоа „HowMuch.net“ ја искористи листата за компаниите по пазарна капитализција на „Forbes“ која ги отсликува токму овие гиганти.

Бојата на секој балон го одразува географскиот регион, од кој доаѓа компанијата, а големината – нејзината пазарна капитализација за октомври 2018-та година. Секоја група претставува пет специфични индустрии за топ 50 – „IT“ софтвер и услуги, технолошки хардвер и опрема, медиуми, трговија на мало и полупроводници.

Првиот и најголем очигледен заклучок од визуелизација е дека американските компании доминираат во глобалниот технолошки сектор. Најголемите компании доаѓаат од Северна Америка (во виолетова), а повеќето се наоѓаат во Силиконската долина. На второ место е Кина (црвена), но ниту една компанија не е дури половина толку голема колку што се светските лидери како „Apple“, „Amazon“ и „Microsoft“. Од Европа има неколку компании (зелена), само една од Африка (портокалова) и ниту една од Блискиот Исток (светлосина).

Сличната распределба на пазарната капитализација се гледа и по индустрии, па само неколку компании ги надминува останатите. „Microsoft“ (883 милијарди долари) и „Alphabet“ (839 милијарди долари) се единствените кои ја минуваат границата од 500 милијарди долари меѓу софтверски компании, а „Facebook“ е малку зад нив со 460 милијарди долари.

Категоричен лидер според харудерот и опремата е „Apple“ со капитализација од 1,1 илјади милијарди долари, а потоа доаѓаат сите други. „Samsung“ (297 милијарди долари), која можеби е единствениот вистински конкурент на „iPhone“ на „Apple“, но вредноста на „Apple“ е речиси 4 пати поголема.

Индустријата на полупроводници пак е раководена од неколку компании како „Intel“ (222 милијарди долари), „tsmc“ (219 милијарди долари) и „Nvidia“ (174 милијарди долари).

На прв поглед трговијата на мало и медиумите изгледаат многу еднакво распределени отколку всушност се. „Amazon“ пример доминира толку многу на пазарот, така што нејзините конкуренти од Северна Америка се премногу мали за да влезат во листата на топ 50.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП