23 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei веќе има телефон на преклоп со екран од 8 инчи (видео)

Huawei веќе има телефон на преклоп со екран од 8 инчи (видео)

„Huawei“ ќе се обиде да ја добие војната со „Samsung“ кај телефоните на преклоп и тоа со поголем екран кој (кога ќе се отвори уредот) има дијагонала од 8 инчи, за разлика од 7-инчниот кој го најавува корејската компанија.

Екранот на преклоп ќе го обезбеди компанијата „BOE“, која стои зад закривениот „OLED“ панел за „Mate 20 Pro“. „Huawei“ веќе го достави уредот кај корејските оператори, пренесуваат локалните медиуми, за кои извор рече дека не е прототип, ниту концептен уред:

„Не можеме да го откриеме точниот дизајн, спецификации, начинот на користење… но е покомплетен отколку што се очекуваше“.

„Huawei“ планира да го лансира својот прв преклоплив телефон како уред за брзина на интернетот од 5G мрежите, а само Кореја ќе има широка 5G мрежа во првата половина во 2019-та година, како што се вели, „Huawei“ тогаш ќе го претстави својот преклоплив телефон.

Компанијата најверојатно ќе го претстави уредот на саемот „MWC“ во февруари, а потоа ќе го пушти во продажба во периодот од април до јуни, по обемното тестирање на 5G мрежата.

Се уште нема информации за цените, но е познато дека дизмензиите на екранот кога телефонот е преклопен е 5 инчи, и 8 инчи кога екранот е отворен. Овие дијагонални се поголеми од оние на „Samsung“ од 4,6 инчи и 7,3 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП