25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPG & E е загрозена од банкрот поради пожарот во Калифорнија

PG & E е загрозена од банкрот поради пожарот во Калифорнија

Американската енергетска компанија „Pacific Gas and Electric Company“ (PG & E) се соочува со колапс заради тековниот пожар кој ја опустоши Калифорнија.

Претходно во понеделникот, таа предупреди дека втората енергетска мрежа беше исклучена, откако беше погодена од огнената стихија. Ова доведе до колапс на акциите на компанијата во часовите пред почетокот на сесијата, објави „Bloomberg“.

Електричната мрежа во Конкау, округот Боут, престана да функционира во 6:45 часот изутрината (американско локално време), а тим на Одделот за шумарство и противпожарна заштита (Cal Fire) на Калифорнија успеал да пресели дел од опремата во близина на објект на компанијата.

Во петокот „PG & E“ забележа 38-процентен раст на својата вредност во позадината на изјавата на Мајкл Пикер, шеф на Комисијата за комунални услуги на Калифорнија и дека државата нема да дозволи таа да банркотира.

Барем 76 лица загинаа поради растечките пожари во Калифорнија, а повеќе од 600.000 декари беа запалени, а засегнатите куќи од стихијата се пресметуваат на повеќе од 10.000.

Метеоролошките предвидувања даваат надеж дека силниот дожд може да започне во среда за да им помогне на пожарникарите да го намалат пожарот.

Во исто време, многу луѓе стравуваат дека водата ќе го зголеми ризикот од сериозно лизгање на земјиштето, бидејќи на многу места дрвјата се веќе исчезнати.

Компанијата со седиште во Сан Франциско, „PG & E“ поднела два извештаји за инцидентот од почетокот на пожарот, а речиси половина од пазарната нејзината вредност (12 милијарди долари) беше избришана во рок од една недела.

Скот Меклин, портпаролот на „Cal Fire“, одби да сподели повеќе информации за локацијата на пожарникарската област.

Акциите на „PG & E“ паднаа за 8,57 отсто (16:11 GMT) пред почетокот на седницата во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП