29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale заработи глоба од 1,34 милијарди долари за кршење на санкциите

Societe Generale заработи глоба од 1,34 милијарди долари за кршење на санкциите

Француската банка „Societe Generale“ се согласи да плати 1,34 милијарди американски долари за да ги сопре истрагите за санкциите во САД, објавија Федералните резерви.

Од 2003-та до 2013-та година, банката изврши нелегални трансакции со субјекти во земји кои се предмет на ембарга или други санкции од страна на САД, вклучувајќи ги Иран, Судан, Куба и Либија.

Казните се во име на Федералните резерви, Министерството за правда, Одделот за контрола на странски средства во Министерството за финансии, Окружниот обвинител во Њујорк и Одделот за финансиски услуги во Њујорк.

Во соопштението на „Societe Generale“, тие рекоа дека договорениот износ е целосно исклучен од средствата предвидени за оваа намена во извештајот на банката, а порамнувањето на долгот нема да има влијание врз резултатите за 2018-та година.

„Ги признаваме и жалиме за слабостите што беа идентификувани во оваа одлука и им помогнаа на американските власти да ги решат овие прашања“, рече Фредерик Одеа, извршен директор на „Societe Generale“.

Договорот треба да добие одобрување во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП