25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите.

Продолжувањето на ова партнерство претставува логичен редослед за двата бренда, имајќи ги предвид бројните позитивни искуства во текот на изминатиот период. Cashback програмата за лојалност, специјално подготвена за фановите на „Вардар“, беше одлично прифатена, а тоа го потврдуваат и големиот број ново-издадени Вардар Cashback картички за 1 година.

Оваа соработка и специјалната програма за лојалност им овозможуваат на фановите на клубот да бидат сопственици на брендирани Вардар Cashback картички, чии придобивки можат да ги користат во СЦ Јане Сандански, но и кај повеќе од 120.000 трговски партнери ширум светот. Со својата картичка, корисниците освен што ќе ги користат придобивките за купување и ќе си обезбедат  до 5% поврат на средства и Shopping Points кои можат да ги искористат за специјални понуди, тие директно го поддржуваат својот омилен клуб.

Имено, во изминатиот период, фановите корисници на Вардар Cashback картичките директно придонесоа за поддршката на младите таленти на клубот, бидејќи до 1% од сите купувања направени преку Вардар Cashback програмата одат директно за младите таленти.

Веќе неколку години, Cashback World е вклучен во спортот и воспостави многубројни соработки во полето на фудбалот, мотоциклизмот, хокејот и ракометот. Како примери кои вреди да се споменат се соработките со MotoGP™, SK Rapid Wien како и со Европската Ракометна Федерација за турнирот VELUX EHF FINAL4 од Европската Лига на Шампиони.

Повеќе информации за Вардар Cashback програмата се достапни на www.vardar-cashback.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП