29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе инвестира милиони во нов центар за податоци во Данска

Google ќе инвестира милиони во нов центар за податоци во Данска

Американската интернет компанија „Google“ ќе инвестира 4,5 милијарди дански круни (690 милиони долари) во изградбата на нов центар за податоци во Данска, објави данската единица на конгломератот, пренесува „Ројтерс“.

Покрај тоа, „Google“ одлучи активно да ги извршува новите можности за „зелени“ инвестиции во Данска и оценува голем број проекти, објави компанијата, без да ги открива имињата на своите деловни партнери во областа.

Данска е дом на огромен сектор во ветерната енергија, кој го вклучува производителот на турбини „Vestas Wind Systems“, како и инвеститорот во ветерни паркови „Orsted“.

Во септември „Google“ откри дека има потпишано 10-годишна зделка за купување на обновлива енергија од три нови фарми со ветерници, кои се градат во Финска и кои ќе напојуваат еден од нејзините центри за податоци.

Новиот центар за податоци во Данска ќе вработи меѓу 150 и 200 вработени, откако ќе биде завршен во 2021-ва година, покажуваат плановите на компанијата.

Надвор од Фредерицијата, минатата година „Google“ купи друго место во Данска, во Аабенраа, во близина на центарот за податоци, планиран од „Apple“. „Facebook“, исто така, има слични планови за Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП