9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов Зеланд сака дел од заработката на ,,Хобит”

Нов Зеланд сака дел од заработката на ,,Хобит”

The Hobbit

После месец дена прикажување во кината ширум светот, ,,Хобит: Неочекувано патување”, заработи скоро 900 милиони долари.

Тоа е бројка која воодушеви многу луѓе, но и ги разбесни политичарите на Нов Зеланд, бидејки сакаат дел од тој ,,колач”.

Кога се снимаше ,,Хобит”, владата на Нов Зеланд и понуди на Џексоновата продукциска компанија олеснување од 56 милиони долари, со идеа дека ќе доведе до нови работни места.

Откако беа ангажирани голем број статисти, работници, наполнети хотели, претставниците на компанијата и властите(премиерот Џон Кеј) беа согласни дека ,,Хобит” е заслижен за околу 3.000 работни места.

И додека некои мислат дека 56 милиони долари е адекватна сума за 3.000 работни места во текот на продукцијата, лидерот на Прва партија, Винстон Питерс, мисли дека тоа не е ни од далеку доволно и бара голем дел од парите кои беа дадени за олеснување да бидат вратени во земјата.

Тој нагласува дека поголемиот број од тие работни места ќе згаснат кога ќе заврши снимањето на филмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП