23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе помогне за новиот Pajero

Nissan ќе помогне за новиот Pajero

Компанијата „Mitsubishi“ засега го оставила на „пауза“ развојот на еден од најпопуларните модели во својата историја – теренецот „Pajero“. Четвртата генерација на автомобилот уште се продава, но резултатите паѓаат постојано, а јапонскиот производител официјално не коментира за иднината на моделот.

Сепак, промени се очекуваат со новиот „Pajero“ кој очигледно ќе се појави во блиска иднина. За австралиското издание „Caradvice“ извршниот директор на „Mitsubishi Motors Corporation“ – Тревор Ман, потврди дека компанијата има интерес од понудата на моделот. Претходно, сепак, производителот треба да реши уште посуштински прашања.

Според информациите, новиот „Pajero“ ќе биде развиен од „Nissan“, кој во 2016-та година го купи контролниот пакет на „Mitsubishi“. Постои можност, новиот теренец да ја замени сегашната генерација на моделот, но и веќе да го запре производство „Nissan Patrol Y61“. Всушност, вториот на некои пазари се уште се продава според индексот „Y62“.

Поверојатно сепак е новиот „Pajero“ да стане градски кросовер кој ќе ја повторува следната генерација на „Nissan Pathfinder“. На овој начин, алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“ ќе заштеди значителен износ од развојот на нов модел.

Во 2017-та година Јапонците продале 34.500 примероци од „Pajero“ што е за 46% помалку од 2016-та година. Постепено теренецот ги напушта повеќето пазари, но останува во Кина, а дури во текот на летото на 2018-та година претрпе редизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП