22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД - Скопје прокнижи добивка од 42 милиони евра за...

Стопанска банка АД – Скопје прокнижи добивка од 42 милиони евра за периодот јануари-септември 2018

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година СТОПАНСКА БАНКА АД – Скопје  оствари добивка во износ од 2.589.629 илјади денари или нешто над 42 милиони евра, што преставува зголемување за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година.

Зголемениот резултат пред исправка на вредност се должи на успешното редовно работење, пред се на зголемените нето приходи/(расходи) од камата како и нето приходи/(расходи) од провизии и надоместоци. Една од причините која има значително влијание на зголемениот резултат се должи и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на вредност. За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, кој се реалзираше во текот на март 2018 година по што се изврши и ослободување на извршената исправка во 2017 година.

Нето приходите од камати изнесуваат 2.828.049 илјади денари и се зголемени за 2,2% во однос на истите во споредба со анализираниот период, при што приходите од камати забележаа зголемување од 0,2%, додека расходите од камати забележаа намалување од 9,8%.

Нето приходите од провизии и надомести изнесуваат 750.862 илјади денари и се повисоки за 3,2% од истите во 2017 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од картично работење.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 78.749 илјади денари и се намалени за 0,9% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалените маргини во овој сегмент.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 5,4%, соодветно и останатите расходи од дејноста забележаа намалување за 5,7%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 618.397 илјади денари.

Целиот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП