6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИмперијата на Бафет се насочува кон Милано и Дубаи

Империјата на Бафет се насочува кон Милано и Дубаи

Една од брокерските куќи на Ворен Бафет чекаше 18 години пред да го потпише својот прв договор со меѓународна франшиза. Сега компанијата го проширува своето работење во голем број региони – од Италија до Јапонија и Блискиот Исток, објави „Bloomberg“.

„Berkshire Hathaway HomeServices“ се спои овој месец со лондонски „Kay & Co.“ – нејзината втора франшиза во Европа по „Rubina Real Estate“ во Берлин. Компанијата се надева дека ќе ги додаде Милано, Виена и Дубаи до својата мрежа до крајот на годината.

„Веќе имаме неколку уредени пазари“, вели Џино Блефари кој раководи со бизнисот, управувајќи со мрежните франшизи, во интервјуот од Берлин. „Конечно, ние ќе бидеме на сите големи урбани пазари. Компанијата разговара со потенцијалните партнери во Париз и Мадрид и го истражува Мехико, Хонг Конг и Токио“, додава тој.

„Berkshire Hathaway“ на Бафет прво купи удел во „HomeServices of America“ – составена од имотни брокерски и хипотекарни компании – како дел од купување на енергетскиот бизнис во 2000-та година. Милијардерот првично не посветува големо внимание на „HomeServices“, но оттогаш овој бизнис се претвора во еден од најголемите сопственици на станбени објекти во САД.

„Со толку многу купувачи на луксузни домови кои доаѓаат надвор од САД, стана навистина важно да се каже дека сме глобални“, рече тој.

Врзувањето со брокерската куќа фокусирана на луксузен имот во лондонските домови се случува, додека „Brexit“ сериозно го погодува пазарот за недвижности во Велика Британија. Сепак британската компанија позната под името „Berkshire Hathaway HomeServices Kay & Co.“, планира да се прошири преку превземања и заедничките компании и ќе отвори најмалку уште 10 самостојни канцеларија во следната деценија.

„Berkshire Hathaway HomeServices“ го направи својот прв чекор кон создавање глобална мрежа, обединувајќи ги напорите со „Rubina Real Estate“ од Берлин претходно во оваа година. Компанијата бара можности на други големи германски пазари, вели компанијата, а Франкфурт ќе биде „многу природен втор чекор“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП