Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.11/2018 за долгови доспеани до 31.07.2018 и неплатени до 31.10.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.11/2018 објавени се 2,153 должници – правни лица (повеќе за 110 од претходната листа) и 2,175 физички лица (повеќе за 113 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2018 изнесува 10,086,508,268 денари, повеќе за 328.819.629 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,047,251,963 денари (повеќе за 318,331,768 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 39,256,305 денари (повеќе за 10,487,861 денари од претходната листа).
Најновата Листа на должници бр.11/2018 можете да ја видите тука.