12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDiageo продава 19 марки на американскиот производител Sazerac

Diageo продава 19 марки на американскиот производител Sazerac

Британскиот гигант во производството на премиум алкохолни пијалоци „Diageo“ продава портфолио од 19 брендови на американската компанија „Sazerac“ за сума од 550 милиони долари (427 милиони фунти).

Во листата влегуваат три варијанти на брендови виски „Seagram“, „Romana Sambuca“, како и веќе непостоечкиот џин „Booth’s“, објави „ВВС“.

Од „Diageo“ истакнуваат дека продажбата ќе и овозможи на компанијата да се фокусира на своите врвни брендови во САД.

Приходите од договорот, кои се очекува да бидат во износ од околу 340 милиони фунти, ќе бидат вратени на акционерите во форма на откуп на акции, посочува уште производителот.

„Booth’s“ во минатото бележеше популарност во Велика Британија, но производството му беше прекинато во 2017-та година. Во моментов шишиња на брендот од 60-тите и 70-тите години може да се најдат за цена од 250 фунти.

„Sazerac“ е една од најстарите семејни дестилерии и врши дејност на територијата на 10 држави, вклучувајќи и во голем број други земји, како Велика Британија, Ирска, Франција, Индија, Австралија и Канада.

„Diageo“, во чие портфолио влегуваат брендови како „Guinness“, „Smirnoff“ и „Johnnie Walker“, исто така истакнува дека се согласила да склучи 10-годишен договор за снабдување со „Sazerac“. Главниот извршен директор на британската компанија – Иван Менезеш, изјави дека „„Diageo“ има јасна стратегија за имплементација на конзистентен, ефикасен раст и создавање на вредност за нашите акционери“.

Договорот е во тек на регулаторно одобрување и се очекува да биде завршен на почетокот на 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП