28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје ја триплираше добивката за периодот јануари-септември 2018

„МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје ја триплираше добивката за периодот јануари-септември 2018

„МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје за периодот јануари-септември 2018 година оствари добивка по оданочување во износ од 622 милиони денари, која е трипати поголема од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 201 милиони денари. 

Во овој период, „МАКПЕТРОЛ“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 16,4 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 2,4 милијарди денари, односно остварен е пораст од 17,6%. Во структурата на приходите најголем удел
имаат приходите од продажба со учество од 99% коишто приходи се остваруваат 94% со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 15,7 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за само 1,9 милијарди денари или 14,5%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП