5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi одговори на жестоката конкуренција (фото+видео)

Mitsubishi одговори на жестоката конкуренција (фото+видео)

Јапонскиот производител на автомобили „Mitsubishi“ го „освежи“ своето лесно комерцијално возило „L200/Triton“.

„Mitsubishi L200/Triton“ е присутен на пазарите веќе 40 години, а актуелната петта генерација е лансирана во 2014-та.

„L200“ достојно парира на најпопуларните модели во класата и добро се справува со значително тешкиот сегмент на камионет во САД.

Иако станува збор за „освежување“ помеѓу две генерации на моделот, „Mitsubihsi“ драстично го доработи „L200“.

Редизајнирани се лаковите над тркалата, задниот браник, стоп-светлата…

„Mitsubishi“ ги обнови и возните карактеристики вградувајќи нови опции за возење на песок, кал/снег, песок/камен режими кои ја прилагодуваат моќта на моторот, трансмисијата, сопирачките и движењето на тркалата според условите на теренот.

Во такви околности е практичен и системот „Hill Descent Control“ кој ја контролира брзината на возилото во ситуации во кои пролизгува или се движи под голем агол.

Исто така, „Mitsubishi“ ја замени и трансмисијат и наместо петстепен вгради шестстепен автоматик со објаснување дека придонесува за подобри перформанси и поголема префинетост во работата.

„Mitsubishi“ ги подобри и безбедносните системи, како „Forward Collision Mitigation“ системот за детекција на автомобили и пешаци, системот „Ultrasonic Misacceleration Mitigation“ кој го намалува ризикот за случајно пристискање на педалата за гас при влегување/излегување во/од возилото.

Тука е и предупредувањето за мртвиот агол, како и системот за предупредување при движење наназад.

Продажбата на „Mitsubishi L200“ прво ќе започне во Тајланд на 17-ти ноември, а потоа ќе пристигне во продажните салони во уште 150 земји ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП