13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт и Saudi Aramco разговараа за перспективите за соработка

Роснефт и Saudi Aramco разговараа за перспективите за соработка

Шефот на руската нафтена компанија „Роснефт“, Игор Сечин се сретна со генералниот директор на саудиското државно друштво „Saudi Aramco“, Амин Насер, со кого разговараше за перспективите за соработка.

Насер, кој е во посета на Москва, ги објавил плановите за преговори со раководството на руските компании „Роснефт“, „Новатек“ и „Гаспром“.

Претходно беше соопштено дека „Роснефт“ и Саудиска Арабија дискутираат за можноста за трампа при снабдувањето на тешки сорти нафта до рафинериите.

Во вторникот од руската компанија најавија дека таа речиси тројно ја има зголемено својата нето добивка за третиот квартал до 142 милијарди рубљи (2,13 милијарди долари) благодарение на растот во продукцијата и зголемените цени на суровата нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП