16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го одложи почетокот на продажбата на електричниот кросовер (фото+видео)

Mercedes го одложи почетокот на продажбата на електричниот кросовер (фото+видео)

Доколку се подготвувате за купување на сосема новиот и целосно електричниот кросовер „Mercedes-Benz EQC“, кој беше претставен од компанијата пред 2 месеци, ќе ви биде потребно трпение. Германскиот производител го одложи почетокот на продажбата од пролетта 2019-та година барем за средината на летото.

Причината за одложувањето е дека компанијата „Daimler Accumotive“, која е одговорна за производство на литиум-јонски батерии за возилото се уште не е подготвена и бара вработени. Се планира до крајот на годината да бидат вработени најмалку 500 нови работници. Така, наместо во јануари, производството на „EQC“ ќе започне не порано од април.

Од „Mercedes“ тврдат дека доцнењето е само привремено, бидејќи „Daimler Accumotive“ во моментов ги проширува производствените капацитети, кои претходно обезбедуваа 200.000 батерии годишно. Плановите на „Mercedes“  за електрификација на целата гама на модели до 2022-ра година бараат значително зголемување на производството на батерии.

Интересно е дека главниот конкурент на брендот – компанијата „Audi“, исто така, беше принудена да го одложи почетокот на продажбата на електричниот кросовер „e-tron“. Официјалната причина која беше објавена, е проблем со развојот на софтверската опрема, но се тврди дека „Audi“ и производителот на батерии – „LG Chem“, не можат да се договорат за цената на батериите кои Корејците ќе ги испорачуваат за електричниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП