24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје со добивка од 1 милион евра за периодот...

ТТК Банка АД Скопје со добивка од 1 милион евра за периодот јануари-септември 2018

Во периодот од 1.1.2018 до 30.9.2018 година ТТК Банка АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати и прокнижи добивка од 60.732 илјади денари.

Во периодот 1.1.- 30.9.2018 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето оперативен приход пред исправките на вредност, кој споредбено со истиот период минатата година е повисок за 43,6% или во апсолутен износ од 49,6 милиони денари, што позитивно влијае на оперативната ефикасност т.е. оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето приходи од камати во периодот од 1.1-30.9.2018 година изнесуваат 202,9 милиони денари и бележат раст од 3,8% во однос на истиот период минатата година. Приходите од камата заклучно со 30.9.2018 година изнесуваат 254,7 милиони денари и се зголемени за 3,0% во однос на истиот период минатата година главно како резултат на зголемената кредитна активност на
Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва. Планираните нето приходи од камати се остварени со 95,6% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 91,6 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Степенот на исполнување на планот е 92,1%.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 5,5 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 19,9%. Во однос на планот, истите се повисоки за 23,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 87,2 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 33,8 милиони денари или 63,4% како резултат на остварената капитална добивка од продажба на дел од имотот преземен врз основа на ненаплатени побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 229,7 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 4,1%, како резултат на подобрена оперативна ефикасност. Степенот на исполнување на планот е 97,3%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП