3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночната реформа ќе удри и на кладилниците – колку пари врти овој...

Даночната реформа ќе удри и на кладилниците – колку пари врти овој бизнис?

Даночната реформа која стартува на 1 јануари ќе удри и на спортските обложувалници односно на кладилниците. Со измените на законот државата наместо 10 ќе зема 15 проценти од секоја добивка. Ова значи дека на фатени 1000 денари ќе бидат исплаќани наместо како досега 900, само 850.

Лани државата само од данокот на добивките во обложувалниците инкасирала 38 милиони евра. Доколку нема посериозни промени на темпото на уплати и на исплати со новата, повисока стапка би биле собрани дополнителни 19 милиони. Минатата година во обложувалниците низ Македонија се уплатени близу 200 милиони евра, а исплатени 156 милиони евра како добивка.

Четирите најголеми синџири на обложувалници Спорт Лајф, Златна копачка, Моцарт и Бетсити имаат милионски профити. Најновите достапни финансиски извештаи се однесуваат на 2016-та и според нив овие четири групации заедно имале вкупни приходи од 175 милиони евра!

Спорт Лајф 2016 со 70.9 милиони евра приходи со што остварил раст од 5%. Профитот достигнал 1.1 милион евра и бил поголем за околу 20% во однос на 2015-та.

Златна копачка во 2016 имала вкупни приходи од 63 милиони евра или раст од 12.5%. Заработката била 610 илјади евра.

Моцарт имал приходи од 32.5 милиони евра и остварил раст од 22.6%. 2016-та сепак ја завршил со загуба од 300 илјади евра.

Бетсити во 2016-та имал приходи од 8.4 милиони евра или за околу 30% помалку во однос на 2015-та. Годината ја завршиле со загуба од 55 илјади евра.

Освен даночната реформа врз работењето на кладилниците ќе влијаат и измените во Законот за игри на среќа кои предвидуваат увоз на апарати за игри на среќа не постари од една година, издавање повеќе лиценци за повеќе објекти и минимална оддалеченост од 300 метри обложувалниците и казината од училиштата.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП