20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолекција на автомобили каква немате видено досега (фото+видео)

Колекција на автомобили каква немате видено досега (фото+видео)

Фановите на „Porsche“, но и сите вистински љубители во автомобилите, веројатно ќе останат без зборови при еден ваква сцена – не само што на едно место има голема колекција на модели од сите периоди на овој германски производител, сите 65 изложени автомобили се обоени во бело.

За искуството да биде целосно, внатрешноста на зградата во која се наоѓаат возилата исто така е бела.

Сопственикот на колекцијата посака да остана анонимен, а не е ни позната локацијата на објектот во кои се чуваат овие спечифични „Porsche“ возила, освен дека веројатно станува збор за САД.

Што се однесува до експонатите, тука се автомобили од сите генерации, а доминираат „911“. Меѓу главните атракции се белите „Porsche 959“, хиперавтомобилот „918 Spyder“, „Carrera GT“, но и неколку „Porsche 356“.

Не се само автомобилите што ја прават „Белата колекција“ специфична. На катот на овој објект се сместени различни историски предмети кои се поврзани со „Porsche“, како и оргинална документација на автомобилите.

Во музејски услови се чуваат оргиналните промотивни постери, како и различни аксесоари, како што се или патни торби со знакот на „Porsche“, a тука и библиотека со книги за „Porsche“.

Во колекцијата се наоѓаат дури и мотори на „Porsche“.

Погледнете го видеото кое овој единствен музеј го сними „Porsche Club of America“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП