3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air ја намали прогнозата за годишниот профит

Wizz Air ја намали прогнозата за годишниот профит

Нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“ ја намали прогнозата за годишна добивка, откако се оправда со повисоките цени на горивото и летните штрајкови на вработените и пренатрупаните аеродроми, соопштува „Ројтерс“.

„Wizz Air“, која работи главно во земјите од Централна и Источна Европа, објави дека нејзината нето добивка за 12-те месеци до март 2019-та година може да достигне 270-300 милиони евра во однос на претходната прогноза, која беше од 310-340 милиони евра.

Авиокомпанијата изјави во средата дека зголемувањето на цената на нафтата плус трошоците за прекинатите летови во текот на летото ќе се одразат преку намалување од 80 милиони евра, а авионско гориво е за 23% поскапо во споредба со една година порано.

Многу европски авиокомпании, вклучувајќи ги „easyJet“ и „Ryanair“, ги трпат негативните последици од штрајкот на вработените од центрите за контрола на воздушниот простор и презаситеноста аеродромите, кои доведоа до откажување на бројни летови во текот на летото.

„Wizz Air“ одлучила да го зголеми својот капацитет со побавно темпо во тековниот шестмесечен период, зголемувајки го со 14 проценти наместо предвидените од пред тоа 18%, за да ги поддржи цените на билетите.

За првата половина на фискалната година компанијата регистрирала профит од 292,2 милиони евра, што претставува зголемување од 1,2 отсто на годишна база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП