20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот телефон на „Нокиа“ за 2019 ќе има дури пет камери

Новиот телефон на „Нокиа“ за 2019 ќе има дури пет камери

Производителот „Nokia“, односно компанијата „HMD Global“ во првите месеци на следната година би требало да го претстави новиот премиум телефон. Се очекува дека истиот ќе го носи називот „Nokia 9 PureView“.

Благодарение на страницата специјализирана за паметни телефони „PhoneArena“, љубителите на мобилни телефони може да видат квалитетни слики од „Nokia 9 PureView“, како и видео во кое може да се погледне телефонот од сите агли.

Сликите се базираат на скици и можеби не се 100 отсто прецизни, но и покрај тоа даваат добар увид во она што го подготвува производителот.

Најзабележително е тоа што „Nokia 9 PureView“ има пет камери на задната страна и нема засек на врвот од екранот.

Со 2:1 QHD 5,9-инчен екран во дијагонала, „Nokia 9“ изгледа како во голема мера да ги следи трендовите во производството на мобилни телефони.

Надворешните димензии на телефонот се 155 x 75 x 7,9 милиметри, што го прави подолг и подебел од 5,5-инчниот „Nokia 8 Sirocco“.

Повеќе фотографии од новиот „Nokia 9 PureView“ може да се најдат на PhoneArena.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП