20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan покажа како ќе изгледа следниот GT-R

Nissan покажа како ќе изгледа следниот GT-R

„Nissan“, заедно со дизајнерите од „Italdesign“, ја претстави првата скица на следната генерација на „Nissan GT-R“. Терминот „supercar“ не е споменат, но Јапонците тврдат дека ова ќе биде најбрзиот автомобил во светот.

Ако се суди според скицата, дизајнот на новата генерација на „Nissan GT-R“ ќе биде уште поагресивен и подинамичен. Доказ за ова се предните светла комбинирани со решетката на ладилникот, како и масивниот отвор за воздух.

Досега, техничките карактеристики на култното јапонско спортско купе не се познати. Според директорот на маркетинг на „Nissan“ – Жан-Пјер Дерназ, идните „GT-R“ и „370Z“ во сите случаи ќе бидат електрифцирани. Најверојатно, „GT-R“ ќе биде со хибриден погон, додека помалиот „370Z“ ќе стане електричен автомобил.

Според главниот дизајнер на јапонската марка – Алфонсо Албајс, тој признава дека неговиот тим се уште е во почетокот на својата работа во дизајнот на возилото, бидејќи пред тоа инженерите треба да ја завршат платформата и спецификациите на автомобилот. Сепак, „Nissan“ е веќе подготвен со прототип модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП