20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајмоќните смартфони во 2018-та година

Најмоќните смартфони во 2018-та година

Пазарот на мобилни уреди се развива динамички. Секоја година се појавуваат нови и нови интересни модели, од кои секој има сопствена предност. Денес ние ќе ве запознаеме со листа на најмоќните уреди кои излегоа оваа година, но ќе бидат барани и посакувани во 2019-та година.

1. Asus ROG телефон

Компанијата има гејмерски смартфони, но го има и „Asus ROG Phone“ – уред кој во моментов е најмоќниот меѓу овој тип смартфони. Работи врз база на процесорот „Snapdragon 845“.

2. Xiaomi Black Shar

Смартфонот е на второто место по моќност меѓу гејмерските уреди. Тој работи врз основа на веќе споменатиот процесор. Се одликува со напреден систем за ладење.

3. OnePlus 6

Овој модел не е предводник, но по своите карактеристики надмниува многу предводници на водечките производители во мобилни уреди. Смартфонот е базиран на „Snapdragon 845“ и има 6/8 GB RAM меморија. Достапен е со 64/128/256 GB внатрешна меморија.

4. Xiaomi Mi 8

Уред кој многумина го нарекуваат копија на „iPhone X“. Тој нуди 6,21-инчен дисплеј со резолуција од 2.248×1.080 пиксели, процесор „Qualcomm Snapdragon 845“, 6 GB RAM меморија и капацитет на батеријата 3400 mAh.

5. ASUS ZenFone 5Z

Не можеме да не го споменеме овој модел. Тој исто така, се базира на „Qualcomm Snapdragon 845“, но во овој случај тој е дополнет со елементи на вештачка интелигенција. Одликувајќи се со супер моќ и ниска цена.

6. Mi Mix 2S

Голем екран, минимални рамки, одлична резолуција. Повторно, процесорот „Snapdragon 845“. Комбиниран е со 6 GB RAM и 3.400 mAh капацитет на батеријата.

7. Pocophone F1

Овој модел ќе остане во историјата на односот цена/квалитет. Нуди 6.18-инчен екран и го користи чипот „Snapdragon 845“. Исто така постои и двојна камера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП