6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕкономските несигурности ја принуди Alibaba да ја намали својата прогноза

Економските несигурности ја принуди Alibaba да ја намали својата прогноза

Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ ја намали својата прогноза за растот на годишни приходи од 6% на 4%, наведувајќи дека причина за ова се зголемените грижи за економијата, бидејќи кинеската експанзија ја достигна најбавната стапка од близу една деценија.

Во позадина на трговскиот спор со САД, потрошувачите се обидуваат да трошат помалку. Намалувањето најверојатно ќе влијае на продажбата на основни стоки за широка потрошувачка и „Alibaba“ веќе забележува пад на растот кај електрониката, а особено кај смартфоните, тврди потпретседателот на компанијата Џо Цаи.

Другите услуги, како што се снабдувањето со храна, најверојатно нема да бидат засегнати, додаде тој.

Генерално, кинеската економија забавува против тековните трговски спорови на САД. Но „Alibaba“, се соочува со други тешкотии – посилната конкуренција од кинеските трговци на мало како „JD.com“ и „Pingduoduo“, коментира Стивен Жу, виш аналитичар во „Pacific Epoch“ од Шангај.

Она што се случува е забавување на приходите од реклами кои трговците ги објавуваат на платформите на „Alibaba“, вели тој. Ова е особено профитабилен сегмент од бизнисот на „Alibaba“, кој им помага да расте онлајн-маркетингот.

„Ова е голем проблем“, рече тој.

„Alibaba“ управува со двете најголеми кинески онлајн платформи за трговија на мало – „Taobao“ и „Tmall“, а нивната продажба служи како барометар на кинеската потрошувачка економија, во позадина на зголемувањето на трговските недоразбирања со САД.

„Alibaba“ очекува да забележи од 375 до 383 милијарди јуани (53,97 до 55,12 милијарди долари) во годишниот приход.

За трите месеци што завршија на 30-ти септември, приходите се зголемија за 54 отсто на годишно ниво до 85,1 милијарди јуани, со помош на силната онлајн побарувачка во Кина. Но, ова беше под очекувањата на аналитичарите анкетирани од „FactSet“, кои предвидоа дека оваа бројка ќе достигне 86,7 милијарди јуани.

Една година претходно, компанијата објави приходи од 55,1 милијарди јуани.

Нето добивката за фискалниот втор квартал се зголеми за 13 отсто на 20 милијарди јуани, речиси двојно повеќе од очекуваните 10,6 милијарди долари. Пред една година, сумата беше 17.7 милијарди јуани.

Приходите од главната трговска единица, во која се вклучени „Taobao“ и „Tmall“, скокнаа за 56 отсто на 72,5 милијарди јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП