1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks ќе отвори 2.100 нови локации во 2019-та

Starbucks ќе отвори 2.100 нови локации во 2019-та

Ланецот на кафитерии „Starbucks“ планира да отвори уште 2.100 ресторани ширум светот во следната година.

Компанијата ги објави своите планови за време на презентацијата на финансиските резултати за третиот квартал од оваа година, објави „CNN“.

Во разгледуваниот период, „Starbucks“ додаде нови 600 трговски објекти кон своето портфолио, па така веќе под овој бренд во светот работат над 29.300 кафетерии.

Во изминатата 2017-та година, компанијата отвори 2.300 нови локации.

Извршниот директор Кевин Џонсон наведува преку во 2019-та година, компанијата ќе се фокусира кон пазарите со ветувачки раст на долг рок, имено САД и Кина.

Приходот на „Starbucks“ пораснал на 6,3 милијарди американски долари во кварталот, што претставува зголемување од 11 отсто за период од една година. Продажбата забележа пораст од 4% во САД и 1% во Кина.

Компанијата издвојува неколку причини за доброто претставување на домашниот пазар, меѓу кои е растот на побарувачката во попладневните часови, зголемување на ефикасноста на вработените во трговски објекти и зголемениот кориснички ентузијазам кон ладните пијалоци.

„Starbucks“ го прошири својот асортиман на производи со додавање на повеќе ладни пијалаци со ниска содржина на шеќер.

Во САД над 80% од новите објекти на компанијата имаат „drive-thru“ за возачите на автомобили, што се покажа како добар потег, бидејќи во последниот квартал, овие објекти се пред според перформансите во однос на традиционалните кафулиња на компанијата.

Компанијата со седиште во Сиетл објави во мај објави дека планира отворање на нови 3.000 објекти во Кина во следните неколку години. „Starbucks“ планира да го удвои бројот на објектите во Кина до вкупно 6.000 кафетерии до крајот на 2022-ра година.

Оваа година, растот во Кина се води главно од отворањето на новите локации.

Акциите на компанијата се зголемија за околу 9% како резултат на добрите финансиски резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП