13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се случува кога најевтиниот модел на „ајфон“ ќе падне на бетон?...

Што се случува кога најевтиниот модел на „ајфон“ ќе падне на бетон? (видео)

Поевтината верзија на „ајфон“, односно моделот XR е лесно да се скрши исто колку и поскапите модели XS и XS Max, покажа тест направен од страна на Square Trade.

Оваа фирма се занимава со издавање гаранции, а оттаму неодамна ги тестираа новите паметни телефони на „Епл“ – „ајфон“ XR, XS и XS Max, така што ги пуштаа да паѓаат на тврда подлога од висина од околу 180 сантиметри.

Како и стаклениот паметен телефон со OLED-екран – „ајфон“ XS, така и поевтината верзија XR со LCD-екран, алуминиумска рамка и стаклена позадина, претрпе сериозни оштетувања на екранот кога падна на бетонот.

Поточно, телефонот се разби по првиот пад и стана практично неупотреблив, исто како и „ајфон“ XS. Истото се случи и при тестирањето со пад на задната страна, односно распука стаклото околу камерата.

Моделот XR успеа да го преживее тестот за виткање, надминувајќи го поскапиот XS и изедначувајќи се со поголемиот XS Max, пишува „Макруморс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП