27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Икеа“ отвора низа мали продавници во Велика Британија

„Икеа“ отвора низа мали продавници во Велика Британија

Шведскиот производител на мебел „Икеа“ планира да отвори повеќе мали продавници во градовите во Велика Британија по позитивната реакција на нивниот прв аутлет во Лондон.

Притоа на луѓето им се овозможува да ги гледаат артиклите и да се советуваат за уредувањето на домот без да ги посетат продавниците на „Икеа“ надвор од градот. Овие мали продавници се дел од нејзиното проширување во Велика Британија по уште една година на зголемена продажба.

Нивната веб-страница беше посетена од 199 милиони луѓе, што претставува зголемување од 13,4 отсто. Продажбата по пат на интернет порасна за 14,4 проценти и сега изнесува 15,5 проценти од вкупната продажба.

ИКЕА интензивно инвестира во онлајн продажба, логистика и дистрибуција со цел да се намали времето на испорака на стоката од една до две недели на три до четири дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП