21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVW и Ford заедно ќе прават електрични автомобили

VW и Ford заедно ќе прават електрични автомобили

Еден од шефовите на „Volkswagen Group“ официјално потврди дека компанијата може да ја сподели со „Ford“ новата платформа за електрични возила. Во јуни двете компании објавија дека разговараат за Алијанса за заеднички развој и производство на комерцијални возила.

Вчера главниот финансиски директор на „VW“, Франк Витер потврди дека стратегијата на гигантот е отворање кон повеќе партнери. И потоа тој не ја отфрли идејата дека дел од оваа стратегија може тоа да е „Ford“ за да создава свои електрични возила на платформата на „VW“ – „MEB“.

„Да, теоретски е можно да дозволиме пристап на други брендови надвор од „VW Group“ до модуларната платформа, но уште нема решение во таа насока“, изјави Витер.

Тој додаде дека компанијата во моментов вложува сериозни напори во претстојното производство на првите модели на платформата „MEB“ што ќе стартува во ноември во фабриката во Цвикау, која беше обновена целосно за производство на електрични возила.

„VW Group“ планира да реализира на светскиот пазар 10 милиони електрични возила, поставени на платформата „MEB“, првиот модел ќе биде со големина на „Golf“, кој засега го носи кодното име „I.D.Neo“.

Планот е за 27 модели за 4 брендови: „VW“, „Audi“, „Skoda“ и „SEAT“, а кон крајот на 2022-ра година, „VW Group“ треба да стартува масовно производство на електрични возила на глобално ниво – во Европа, Кина и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП