13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПатниците на „Рајанер“ кои сакаат да внесат поголема торба во авионот мора...

Патниците на „Рајанер“ кои сакаат да внесат поголема торба во авионот мора да платат за тоа

Последните промени во багажните политики на авиокомпанијата „Рајанер“ стапуваат на сила денеска, што значи дека патниците кои сакаат да земат нешто повеќе од мала торба внатре во авионот мора да плаќаат за привилегијата, објави Би-би-си.

Само оние кои плаќаат 6 евра за приоритетен влез ќе можат да земат мал куфер до 10 килограми во кабината. Таа опција е поевтина отколку да се плати 8 евра за чекирање на торба од 10 килограми.

„Рајанер“ соопшти дека промените имаат за цел да ги намалат одложувањата на летот.

Проблемот со кој се соочува ирскиот превозник, заедно со многу други авиокомпании, е недостигот на надземни шкафчиња на авионите „боинг 737″ и „ербас А320″ што се користат за кратки дестинации.

Џералд Кју, аналитичар во Либерум, вели дека авионите на „Рајанер” располагаат со места за 90 куфери, значително помалку од тоа колку можат да имаат 189 патници.

Бидејќи летовите на авиокомпанијата се во просек 95% целосни, јасно е дека нема доволно простор за багажот на сите патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП