На големото претставување на нови производи во Њујорк, „Apple“ прво ги прикажа новите „MacBook Air“ и „Mac mini“.
„Mac Book Air“ е лаптоп во кој е вградена осмата генерација на просесорот „Intel i5“. Компјутерот има до 16 GB RAM меморија и SSD диск со капацитет до 1.5TB.
Уредот користи батерија која овозможува 12 часа работа и 13 часа гледање на видео содржини.
Новиот „MacBook Air“ во секоја смисла е производ кој се рециклира, бидејќи е направен до 100 проценти рециклиран алуминиум.
Основниот модел пристигнува во конфигурација со 8GB RAM, процесор 1.6GHz Core 15 и 128GB SSD диск, со почетна цена од 1.199 долари.
„Mac mini“ е пренослив компјутер кој ќе се продава во верзии со процесор со четири и шест јадра.
Конфигурацијата подразбира интерна меморија со капацитет до 64GB.
Уредот има еден гигабитен „Ethernet“ порт, четири „Thunderbolt 3“ порти, еден „HDMI“ и еден „USB-A“ порт.
И овој уред е еколошки, затоа што е направен до 60 отсто рециклирана пластика.
Почетната цена на основната верзија на уредот изнесува 799 долари.